Завршува паузата во женскиот сегмент на ЕХФ Лигата на шампионите. Овој викенд стартуваме и на почетокот почнуваме со дерби. Девојките на Камара гостуваат на поранешниот европски првак Будуќност.
Натпреварот ќе се одигра во Подгорица, мечот е закажан за недела со почеток во 19-30 часот. Експедицијата заминува за Подгорица утре, во сабота изутрина каде ќе пристигне во текот на денот. Единствено Ина Суслина нема да биде во тимот бидејќи сеуште се опоравува по операциониот зафат. Со овој противник се сретнавме на меч од регоналната ВРХЛ лига што се одржа во Подгорица. На тој меч Будуќност триумфираше над нас минимално со резултат 30:29. В недела не очекува еден интересен и динамичен натпревар, се надеваме со позитивен резултат по нашиот тим.