Младинците на фудбалскиот клуб Вардар веќе петнаесеттина дена напорно тренираат и се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната. Избраниците на Љупчо Марковски иако некомплетни сепак најрано започнаа со подготовките. Во овој дел од припремите тренерот може да смета на голманите Филип Трајчевски и Крис Каев, потоа Тодор Тодоровски, Берат Исмаил, Андреј Ричков, Дарко Додевски, Едис Хамзиќ, Теодор Димитровски иАлександар Најдоски. Со екипата тренира и Ацо Стојков кој сеуште е во потрага по нов клуб. Како што знаеме на подготовки со првиот тим во Анталија од младинскиот погон се Есмин Личина, Виктор Димков, Филип Стојчевски и новото засилување кое пристигна од екипата на Металург, тоа е Бојан Колевски. Во есеннскиот дел од сезоната се наоѓаме на првото место на табелата и се пласиравме во полуфиналето на купот. Нашата редакција беше присутна на вчерашниот тренинг на младинскиот состав и ви доловува фотографии од истиот.