Вечерва во Спорскиот центар “Јане Сандански“ нашиот ЖРК Вардар го одигра првиот меч дома во 2017 година. На дуел од ЕХФ Лигата на шампионите, одигравме натпревар со шампионот на Франција, екипата на Мец. На овој дуел дојдовме до нова, седма победа по ред за девојките и Камара кој од како дојде на клупата на Вардар незнае за пораз и реми во ЛШ. Триумфиравме вечерва со резултат 23-21.
Мечот започна со прв гол за нас, поведовме со 1-0 преку Хмирова. Гостинките играа цврста одбрана што резултираше со ниво прво водство од 1-2. Потоа ние изедначувавме, а тие поведуваа со еден разлика. Изедначувавме на 2-2, 3-3, 4-4, 5-5 и 6-6. Тие секогаш беа чекор пред нас поведоа и со 6-7 по што Камара повика минута одмор. Тој уфрли нов тим на теренот кој го смени текот, успеавме конечно да го преземеме водството во 20 минута поведувајќи со 8-7 со голот на Радичевиќ од десна крилна позиција. Се играше одличен ракомет во првите 20 минути, во 22 минута со голот на Пенезиќ првпат отидовме на “два плус“ 9-7 што веднаш предизвика нервоза кај гостинките од Франција, клупата на Мец го побара првиот тајмаут. Сепак тоа многу не им помогна промашија два напада по ред, за жал ние не успеавме да ги казниме и наредивме две промашување по ред во продолжението. Игра гол за гол на двете страни, двата тима постигнаа по три гола, ние остануваме на “два плус“. Во 26 минута на семафорот во С.Ц “Јане Сандански“ резултатот беше 12, 10. Конечно идеме првпат и на “три плус“ на дуелот со голот на Лакабер во 27 се одлепивме на 13-10. Правиме неколку грешки во напад сепак расположената Песоа, не одржуваше во ритам. На полувреме заминавме со резултат 13-11.
Вториот дел го почнавме со гол од седум метри, погоди Дамњановиќ за Вардар. Потоа почнува шоуто на нововлезената Лејно. Дамњановиќ ги награди овие интервенции со два погодока за “плус пет“ првпат поведовме вака комотно 16-11 во 34 минута. Игра гол за гол во продолжение во 38 минута влегуваме со “пет плус“ 18-13. Дамњановиќ игра фантастично со невидено атрактивна интервенција ја наоѓа Алтхаус која погодува за 20-14 и прво водство од шест гола, во 14 минута од вториот дел на овој меч од елитната европска шампионска лига. Следи период во кој покажува квалитет и нашиот противник Мец, французинките прават 0-2 и намалуваат на 20-16 имаа и пенал. Сепак брилијантно брани французинката во нашите редови Лејно, а гледалиштето скандира “Дуду“. Нашиот “пост“ со погодоци го прекинавме дури по 7 минути со погодок од пенал на Лакрабер во 21 минута за 21-16. Гостите прават серија 1-4 и намалуваат на 22-20 во 26 минута од мечот. Додатен проблем беа престрогите санкции од судиите за нашите девојки. Во последните три минути влегуваме со позитива од еден гол 22-21. Сепак, среќата беше на наша страна и победивме 23-21.
Најдобар стрелец кај нас беше Дамњановиќ со 5 погодоци, втор стрелец беше Лакрабер со 4 погодоци.