Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Историја > Историја: Петров во дресот со „црвено-црните“ бои дебитира во сезоната 1985/1986

Историја: Петров во дресот со „црвено-црните“ бои дебитира во сезоната 1985/1986

petrov-vardarfans-istorija-legendiМИРКО ПЕТРОВ – Со 30 одиграни првенствени натпревари и 6 постигнати голови во сезоната 1986/1987, Мирко Петров беше еден од фудбалерите кои на Вардар му ја донесоа единствената првенствена титула во државниот шампионат на поранешната СФР Југославија.

Легендарниот Петров е роден на 1 ноември 1956 година, во Скопје и во дресот со „црвено-црните“ бои дебитира во сезоната 1985/1986. За првиот тим на Вардар има одиграно вкупно 76 натпревари, на кои 14 пати ги тресел противничките мрежи.

По завршувањето на професионалната кариера како активен играч, Петров долги години работеше како тренер со младите таленти во вардаровата фудбалска школа.