Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ивана Арсениевска: Наградата што ја добив за најдобар стрелец ми претставува големо задоволство да продолжам да тренирам и да постигнувам поголеми успеси
Ивана Арсениевска: Наградата што ја добив за најдобар стрелец ми претставува големо задоволство да продолжам да тренирам и да постигнувам поголеми успеси

Ивана Арсениевска: Наградата што ја добив за најдобар стрелец ми претставува големо задоволство да продолжам да тренирам и да постигнувам поголеми успеси

Во месец јануари се играше третото издание на ракометниот турнир “Вардар, еден живот, една љубов“. Се играа натпревари кај генерациии родени 2000/01 и 20002/03, и 2004/05 по што беа познати победниците во овие возрасни генерации во машка и женска конкуренција. Во женскиот дел кај генерација 2002/03 првото место го освои екипата на РК Шампион која во големото финале беше подобра од екипата РК Делчево. Гледавме неизвесно финале со мал број на погодоци и на крајот минимална победа на Шампион од 11:9. Третото место во оваа генерација им припадна на РК Урдаревски која го победи РК Будимир. Дел од екипата на РК Делчево беше Ивана Арсениевска која прикажа одлични игри на турнирот.

-Овој турнир ми остави многу добри впечатоци. Моите очекувања беа како што јас си ги замислував, бев сигурна дека ќе играме во финале. Јас од резлутатите сум многу задоволна. Финалниот меч ни беше големо задоволството да го играме со екипата на РК Шампион бидејќи ги познаваме и игравме со нив во “Јунор“ лигата.

Ивана Арсениевска ја доби наградата за најдобар стрелец на завршниот турнир

-Турнирот беше добро организиран. Наградата што ја добив за најдобар стрелец ми претставува големо задоволство да продолжам да тренирам и да постигнувам поголеми успеси. Исто така се надевам дека оваа сезона ќе завршиме на првото место во “Јуниор“ лигата.

Звонко Ивановски