Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Продолжуваат возбудувањата во ЛШ, Киелце бара одмазда против Рајн-Некар, Брест Мешков во обид да го изненади Пик Сегед
Продолжуваат возбудувањата во ЛШ, Киелце бара одмазда против Рајн-Некар, Брест Мешков во обид да го изненади Пик Сегед

Продолжуваат возбудувањата во ЛШ, Киелце бара одмазда против Рајн-Некар, Брест Мешков во обид да го изненади Пик Сегед

Денес со натпреварите Брест Мешков -Пик Сегед и Рајн-Некар против Киелце продолжува лигата на шампиони. После пауза од два месеци поради светското првенство кое се играше во Франција, продолжуваат возбудувањата во најголемото ракометно натпреварување. Двата споменати меча се токму дел од најсилната група Б, во која настапуваат и Вардарци и конечните резултати од овие дуели можат да дадат патоказ за конечниот распоред на табелата по завршување на групната фаза.

Пик Сегед е мал фаворит во дуелот со екипата на Мешков, но домашниот терен на Белорусите им дава можност дека можат да направат изненадување, иако тоа нема да биде некоја неочекувана победа со оглед на квалитетот кој го поседува шампионот на Белорусија. Другиот натпревар од оваа група ќе биде уште поинтересен, кој е воедно и дерби на колото во групата Б. Рајн-Некар на домашен терен го пречекува актуелниот европски шампион, екипата на Киелце. На првиот нивни меч одигран во Полска, Киелце доживеа висок пораз против шампионот на Германија (26:34), па интересно е да се види дали избраниците на Талант Душебаев можат да го возвратат ударот.

Вардар може многу да профитира по одигрување на ова десетто коло, дури и да се врати во подеднаква борба за првото место на табелата. Добро би ни дошол пораз на Пик Сегед  во Белорусија кој е второпласиран, додека кој и да загуби во дербито помеѓу Рајн-Некар и Киелце може да има важност за нашиот тим, кој со победа во сабота против Загреб може повисоко да котира од моменталното трето место.

Натпреври од десеттто коло во групата Б:

Брест Мешков -Пик Сегед 18:30

Рајн-Некар – Киелце  19:00

Вардар – Загреб  ( сабота 17:30)

Целје – Кристијанштад ( сабота  19:00)