Tuesday ,10 June 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на РК Вардар со нова трета победа во групата обезбедија четвртфинале против Црвена Ѕвезда на турнирот во Зрењанин
Пионерите на РК Вардар со нова трета победа во групата обезбедија четвртфинале против Црвена Ѕвезда на турнирот во Зрењанин

Пионерите на РК Вардар со нова трета победа во групата обезбедија четвртфинале против Црвена Ѕвезда на турнирот во Зрењанин

После вчерашните победи против екипите на Звезда Мокрин и Младост ТСК, денес пионерите на РК Вардар стигнаа до нова победа на турнирот во Зрењанин.

Денешен противник ни беше екипата на Смедерово која ја совладавме со резултат 21:14. Од самиот старт имавме водство од 4 голови разлика, кое го одржувавме до крајот на првото полувреме, кога на одмор се замина со резултат 10:7. Одлична игра и во второто полувреме за нашите млади надежи кои покажаа дека се поквалитетна екипа од противникот. До крајот предноста само растеше за на крај да биде изразена со седум голови и конечен резултат од 21:14. На тој начин избраниците на Андријана Будимир обезбедија четвртфинале на турнирот како првопласирана екипа во групата. Пречка за полуфиналето ќе ни биде уште една екипа од Србија и тоа Црвена Ѕвезда. Мечот вечерва се игра од 19:20 часот.

vardarfans

Нашите пионери знаат како е да се игра на овој турнир, со оглед дека минатата година на неговото прво издание стигнаа до второто место. Се надеваме дека добрата игра ќе продолжи и на вечерашниот натпревар и дека ќе обезбедиме полуфинале.