Младите ракометарки од Вардар СЦЈС ги завршија настапите во европските натпреварувања. Тие денес на реванш натпреварот повторно беа поразени од екипата на Хорс. Јасно беше дека по големиот пораз на првиот дуел одигран во Шведска (33:20), дека мали се шансите на нашиот тим да помине во следната рунда. Денешниот меч го загубивме со резултат 20:26
Имавме добар старт на натпреварот каде поведовме со 2:0, но следеше одговор на противникот кој постигна три последователни гола и за прв поведе со 2:3. Од тој момент екипата на Хорс имаше постојано водство, кое не дозволија да го испуштат. Како течеше првиот дел се повеќе растеше водството на гостинот, за во еден момент да стигне и највисоки шест голови. До крајот на првиот дел, Вардарки успеаа да воспостават резултатска рамнотежа и на полувреме да се замине со резултат 10:13.
На стартот на второто полувреме дуеи успеавме и да го израмниме резултатот на 14:14. Сепак противникот и на овој меч се покажа како поквалитетен и со неколку серии повторно се одлепија резултатски од екипата на Вардар. Ние постојано го бркавме нивното водство кое достигна и највисоки седум голови предност. На крајот конечниот резултат гласеше 20:26.
Сепак и ова е успех за оваа млада екипа која полека созрева и максиумот треба да го достигне во следните три години. Сега ни остануваат настапите во домашното првенство каде повторно ќе се обидеме да бдиеме втори, како и во националниот куп.