Фк Вардар(У 17) продолжија победнички и во второто коло од новата натпреварувачка сезона.По убедливата победа во првото коло против Пелистер,Вардарци остварија нова победа против врсниците од Македонија Ѓ.П. кои ги победија со резултат 0:2.Дури во второто полувреме беше скршен отпорот на домашната екипа на овој натпревар.По една акција која започна од средината на теренот,капитенот Дејан Маркоски упати удар кој го скроти противничкиот голман,но на одбиената топка налета Андреј Милевски и го донесува Вардар во водссво од 0:1.Михаил Геговски беше стрелец на вториот гол за екипата на Вардар.
-Најнапред сакам да им честитам на фер и коректната игра на фудбалерите на Македонија Ѓ.П.Во текот на целиот натпревар ја имавме играта на наша страна,каде што тоа го покажавме со големиот процент на посед на топка и по бројот на шанси во првото полувреме, кои не ги реализиравме.Во второто полувреме дојде до израз нашата физичка подготвеност,и со две убави акции го решивме натпреварот.Се надеваме дека и во наредните натпревари ќе дојде до израз квалитетот на нашиот тим,ни изјави стрелецот на првиот гол,Андреј Милевски,за нашиот сајт.
01.09.2014
Звонко Ивановски