Нашиот шампион ракометниот клуб Вардар пред кратко време го започна вториот дел од тековната сезона. Сепак како голем клуб веќе сериозно мисли за новата сезона, поточно за подготовките.
Кога се во прашање летните подготовки веќе во најголем дел е направен планот. Најново е дека германскиот бундеслигаш Гумерсбах објави дека на 12 и 13 август во нивната сала “Швалбе Арена“ ќе биде домаќин на силен меѓународен турнир. На истиот ќе има три германски тима, а единствен гостин надвор од Германија ќе бие нашиот црвено-црн тим. Учество на турнирот земат освен нас и домаќинот и актуелниот шампион на Геманија тимот на Рајн Некар Левен и Флензбург. Претходно веќе е познато дека Вардар во август ќе настапи на уште еден силен турнир. Истиот ќе биде во организација на Вепсрем, покрај вардарци ќе настапи и актуелниот европски првак Киелце и словенечкиот шампион Целје. Овој турнир ќе се игра 26-27 август.