Нова убедлива победа за кадетите на Фк Вардар во рамките на 13 коло од националното првенство. Денес на гостински терен во Ѓорче, црвено-црните забележаа убедлива победа од 0:10 против екипата на Македонија Ѓ.П. Со овој триумф Вардар е се поблиску до освојување на шампионската титула во оваа категорија. Хет трик постигнаа Виктор Димков и Есмин Личина. Јаси Беќири стрелаше два пати, а во листата на стрелци се запишаа и Александар Најдоски и Ердон Даци
-Сите игравме со цела сила, ниеднаш во текот на мечот не се опуштивме. До крај игравме така како што треба и успеавме да постигнеме дури десет гола. Иако резултатски не изгледа така, сепак натпреварот не беше лесен, екипата на Македонја Ѓ.П го даде својот максиум на теренот. Но по добиениот црвен картон на домаќините, ние ја имавме топката цело време во посед и рутински го доведовме до крај натпреварот, изјави Александар Најдоски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски