Одамна чекавме нашето крило да блесне во Лигата на Шампиноите. Тоа се случи можеби и на најпосакуваниот натпревар за Жрк Вардар оваа сезона.
Маестрална партија на црногорската репрезентативка, крилото на Вардар на овој меч беше прва ”виолина” на натпреварот со 7 постигнати погодоци.
Главното ”оружје” на Вардар од контра напади беше во рацете на Радичевиќ, 5 од 7-те погодока ги постигна од контра напади.
Очекуваме одличната партија и форма Радичевиќ да ја покажe и на гостувањето во Будимпешта.
Оваа сезона Радичевиќ има запишано 46 погодока во Лигата на Шампионите.
Фото: zrkvardar.mk