Вардар победнички мина низ Унгарија. Вечерва нашите играчи славеа тешко издвојувана победа против Пик Сегед (21-23). Со оваа победа Вардар останува лидер на табелата во групата Б и е многу блиску до 1/4 финалето.
Мечот го започнавме со прво водство од 0-1, умешно стрелаше Игор Карачиќ. Гостите потоа веднаш изедначија на 1-1, потоа поведовме и со 1-2. Успеваме со два последователни гола да се одлепиме прв пат на “два плус“ 2-4. Домаќините вратија со иста мера и изедначија на 4-4 во 9-та минута. Првата прилика за водство на домаќинот од пенал ја спречи Штербик кој одбрани пенал на 6-6 во 11 минута, тој беше одличен и во првиот дел одбрани 8 удари кон неговиот гол. Вардарци прв пат после оваа серија 0-3 дојдоа на 6-9 , што беше наше највисоко водство во 16 минута. Домаќинот врати со иста мера и изедначи на 9-9 во 18 минута. Следеше “пост“, двете екипи одиграа четири неефикасни минути. Вардар потоа повторно направи серија од 0-3 и влезе во финишот со комотни 9-12. Домаќинот побара тајм-аут по кој до крајот успеа да намали и да отиде на одмор со минимална негатива од еден гол разлика 11-12.
Вториот дел Вардар започна добро за нашиот тим но краеше кратко. Пик Сегед со една серија погодоци дојде до предност од два голови. Кризата во нападот на вардарци продолжи во текот на втората половина од вториот дел, Вардар повеќе од седум минут немаше постигнато погодок. За наша среќа на овој меч расположен за игра беше Арпад Штербик. Штербик со неколку одлични интервенции спречи поголема предност за домаќинот. Вардар во целосна резултатска нишалка се врати во 54 минута од мечот. Со голот на Душебаев во 55. минута Вардар дојде до предност од 21-20. Сепак во следниот напад Пик Сегед израмни на 21-21. Во последните две минити се влезе со егал резултат 21-21. Следуваше пенал за нашиот тим, но за жал Карачиќ не го искористи овој пенал за водство. Во следниот напад Дибиров украде една топка и гостигна погодок за плус еден за нашиот тим на една минута до крајот на мечот. Во следниот напад Пик Сегед направи грешка што ги чинеше и победа. До крајот на мечот Вардар умешно ја чуваше топката во свој посед. На 15 секунди до крајот Душебаев го постигна погодокот кој значеше и победа од 21-23.
Во нашиот тим Дибиров беше прв стрелец со 6 погодоци, Душебаев придодаде 4, додека пак Штербик имаше дури 15 одбрани. И по завршување на ова коло Вардар ќе остане лидер во најслината група Б, со големи шанси да го задржи ова место и по одигрување на сите мечеви во групната фаза.