Својата хуманост на дело ја покажа Игор Кралевски, тренер на генерацијата “2005“ на фудбалскиот клуб Вардар кој во неделата во придружба на фудбалерчињата чии тренер е беше гостин во СОС Детското село во Скопје. Донацијата на вардаровиот тренер Игор Кралевски беше повод за посетата на децата во СОС Детското село кои со големо гостопримство, радост и возбуда ги пречекаа гостите, а посебно голема беше радоста за присуството на младите фудбалери. Насмевката на домаќините и гостите говореше за среќата и радоста од посетата и од хуманиот гест на тренерот коj се сети на децата од СОС Детското село и им го направи овој ден незаборавен.
По завршување на официјалниот дел од дружењето, децата заедно со фудбалерите од генерацијата “2005“ на ФК Вардар излегоа да одиграат еден фудбалски натпревар на игралиштето, кои неизмерно среќни и возбудени од посетата на децата во Детското село им ги покажаа своите фудбалски вештини.
На крајот, сите заедно се собраа и направија зедничка фотографија како спомен за прекрасниот ден кој им го приреди тренерот Кралевски со своите играчи. Беше доделена и посебна благодарница за хуманоста на Кралевски и ФК Вардар, кој со ова го презентираше ФК Вардар на највисоко ниво. Ова дружење е убав пример дека и еден мал гест некому значи многу радост и среќа.