Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Историја > Историја: Популарниот “Цапар” беше стандарден првотимец во вардаровите редови во периодот од 1985 до 1989
Историја: Популарниот “Цапар” беше стандарден првотимец во вардаровите редови во периодот од 1985 до 1989

Историја: Популарниот “Цапар” беше стандарден првотимец во вардаровите редови во периодот од 1985 до 1989

ДРАГАН КАНАТЛАРОВСКИ – Роден е на 8 ноември 1960 година во Битола, еден од најславните фудбалери на средината од теренот во богатата историја на Фудбалскиот Клуб Вардар.
Популарниот “Цапар” беше стандарден првотимец во вардаровите редови во периодот од 1985 до 1989 и притоа учествуваше како дел од тимот во освојувањето на шампионската титула во сезоната 1986/1987 од југословенското фудбалско првенство. Во остварувањето на големиот успех, Канатларовски имаше несебичен придонес со 5 постигнати погодоци на 28 одиграни средби.

За време на периодот од неговата кариера кој го мина во дресот со „црвено-црните“ бои, легендарниот Драги има настапено на повеќе од 100 натпревари. Играше и во европските купови на натпреварите против Динамо Букурешт и Данди Јунајтед во Купот на УЕФА, како и против тимот на Порто во Купот на Шампионите.
Поранешниот македонски селектор во неколку наврати беше и шеф на стручниот штаб на Ф.К Вардар. Најголемиот успех како стратег на вардаровите фудбалери, Канатларовски го постигна во сезоната 2006/2007 со освојувањето на петтата титула во националниот куп на Република Македонија.