Утре во спортскиот центар Јане Сандански, екипата на Вардар ќе одигра нов натпревар во лигата на шампионите. Противник за избраниците на Раул Гонзалес ќе биде екипата на Целје. Со шампионот на Словенија веќе игравме три пати сезонава и на сите мечеви забележавме победа. Се надеваме дека така ќе биде и по завршување на утрешниот дуел, кој започнува од 17:30 часот. Во пресрет на овој натпревар, тренерот на Целје Бранко Тамше ги сподели очекувањата за овој нов натпревар на Вардар и Целје.
-Вардар е еден многу добар и хомоген тим, кој впрочем е водечки на табелата во нашата група. Тоа е екипа која многу ретко губи натпревари како во Лигата на шампионите, така и во СЕХА лигата, со оглед на тоа што има многу квалитетни поединци. Тие играат доста цврсто во одбраната, како при 6-0, така и при 5-1, а во нападот Карачиќ и Циндриќ даваат дополнителен тон на играта, со оглед на тоа што се надополнуваат еден со друг. Јас не гледам некои големи слабости на овој тим, така што ние се соочуваме со едно големо и тешко искушение. Веќе неколку пати одигравме со нив сезонава, особено последниот пат во СЕХА бевме многу блиско до бод. Сакаме таа игра од тој натпревар да ја повториме и в сабота, но се разбира, сето ова е многу полесно да се каже, отколку да се спроведе, но ова е нашиот план, кон кој ние ќе се обидеме да се држиме до остварување на таа цел.
Со триумф Вардар ќе се врати на првото место во групата Б и ќе биде чекор поблиску до директен пласман во чевртфиналето.