Денес се одигра првото пролетно коло во детската фудбалска лига. На терените на ФК Работнички своите натпревари ги одиграа генерациите родени “2007“ и “2008“ година. Генерацијата “2007“ предводена од Зоран Петковски стигна до две победи на стартот на пролетниот дел .
Екипата на Вардар (1) од генерација “2007“ продолжи со победите и го задржа приматот на екипа со максимален број на освоени бодови. Тие денес одиграа нов натпревар успевајќи убедливо да ја поразат екипата на Њу Старс со резултат од 9:0. Уште од првите секунди започнавме да го напаѓаме противничкиот гол, а прв кој се најде во прилика беше Петар Мицевски но голманот на Њу Старс го брани ударот. Голема шанса после него имаше и Емир од нашите редови, но без реализација. На првите голови не се чекаше многу време, отккао Вардаровиот голгетер, Стефан Младеновски со два последователни голови носи предност на црвено-црните од 2:0. Можеби најубавот гол на овој натпревар беше дело на Милош Спасовски кој речиси од половина терен со силен удар го совладува противничкиот голман за водство од 3:0. Екипата на Њу Старс беше во подредена улога, имаше само една екипа која играше на теренот и создаваше шанси. Набргу Стефан Младеновски стигнува и до хет-трик, зголемувајќи на 4:0. Прв гол на натпреварот постигна и Марко Киш кој со силен пласиран удар по земја успева да ја погоди противничката мрежа и да донесе убедливо водство од 5:0. До крајот на првото полувреме во листата на стрелци се запишува и Драган Лебариќ за водство од 6:0 по првото полувреме.
Во вторииот дел имавме можност за зголемување на резултатот, но Грашески не успеа да реализира удар од беалта точка. Доминацијата на Вардар продолжи, а Њу Старс речиси и да не закани кон голот на Лука Јаневски. Сепак Александар Грашески во продолжение постигнува гол за убедливи 7:0. Во листата на стрелци се запишува и новото засилување Емир за предност од 8:0. До крајот на натпреварот уште еден гол во мрежата на Њу Старс, дело на Марко Киш за конечни 9:0.
Добар натпревар одигра и Вардар (2) кој ја совлада екипата на Драчево со резултат 4:0. И на овој меч бевме офанзивно ориентирани а покрај псотигнатите голови имавме и неколку други шанси за поубедлива победа. Два гола на овој меч постигна Никола Јовановски, додека по еднаш погодија Михаил Крстевски и Младен Тарчуловски.