Вчера нашите млади девојки од Вардар СЦЈС одиграа натпревар против ЖРК Металург во рамките на Супер лигата во женска конкуренција. На овој натпревар нашите девојки се радуваа на голема и значајна победа против директниот конкурент за втората позиција.
Во текот на целиот натпревар нашите девојки го контролираа натпреварот, во еден мал дел од играта се случи мини криза во нашиот табор, Металург дојде до плус три, но потоа следуваше одлична игра на нашите девојки која рефлектираше со позтивен резултат односно голема победа од овој натпревар. Габриела Величковска од редовите на Металург одигра своевидна симултанка, оваа ракометарка постигна дури 14 од 24 погодоци на својот тим, но, сепак и тие не беа доволни за победа. Во нашиот тим на овој натпревар се истакнаа Драгана Петковска, која одбрани 14 топки, додека пак Трпковска и Тодоровска постигнаа по 7.
Металург – Вардар СЦЈС 24-26 (9-12)
Металург: Серафимова, Каранфиловска, Гугуљанова, Дабевска, Владева, Глигоријадис, Илиќ, Милевска, Китановска, Стојковска 4, Цаневска, Граматова 1, Стефановска 1, Гајиќ 4, Величковска 14.
ВАРДАР СЦЈС: Петковска (14 одбрани), Белмезова, Прленда 3, Стојановска, Трпковска 7, Георгиевска, Николовска, Митова 1, Бојаџиска 1, Тодоровска 7, Нолевска 2, Керамитчиева 3, Мишевска 2, Божиновска, Гичевска, Велкова.