Вардар дојде до големи и значајни три бода во борба за титулата. Шампионот на Македонија во целост ја надигра денеска тетовска Шкендија и заслужено славеше голема победа која ни овозможува да се одлепиме на комотни седум бодови предност на табелата. Стрелци на головите попладнево за нашиот тим беа: Фелипе погоди на два пати, додека пак Барсегјан постигна еден.
Натпреварот започна со иницијатива на нашиот тим. Во 8 минута прв удар кон
голот на Шкендија упати Попов од далечина, но неговиот удар заврши над голот
на противникот. Потоа во16 минута одлична акција направи Вардар, шутираше
Барсегјан од десно, но само во пречката од голот на Јовановски. Потоа во
следниот напад во 17 минута прв удар упати Шкендиј,а но сигурен на нашиот гол
беше Гачевски. Во 25 минута Вардар имаше уште една добра прилика, но ударот
на Велковски заврши над голот на Јовановски, пропадна и оваа добра прилика за
нашиот тим. ГОООЛ на Вардар во 29 минута од натпреварот. Јовановски направи
една огромна грешка, му сервираше чист погодок на Барсегјан кој го искористи
овој поклон и погоди за водство на нашиот тим. Во 32 минута Ибраими упати еден
незгоден удар кон нашиот гол, но Гачевски беше сигурен и ја скроти оваа топка.
Потоа во 40 минута по една добра акција Шкендија израмни на 1-1, стрелец на
голот беше Ибраими. ГОООЛ на Вардар во 45 минута. Кратко траеше радоста на
израмнувачкиот погодок на Шкендија. Фелипе од белата точка донесе нова
предност за нашиот тим. Со овој резултат се замина на пауза.
Во вториот дел во 54 минута Шкендија прва се закани од дистанца, еден удар на
Алими заврши покрај голот на Гачевски. Во 61 минута во нашиот тим беше
извршена првата замена, во игра влезе Николов Бобан на местото на Дарко
Велковски. Во 65 минута Вардар ја имаше најубавата шанса за нов погодок. Од
корнер нафрли Којашевиќ, со глава биеше Грнчаров но за малку крај голот на
противникот. ГОООЛ на Вардар во 74 минута од мечот. Фелипе со одличен удар од слободен го донесе Вардар до сигурна предност од два разлика. Феноменален погодок на Фелипе! Вардар пoтоа сигурно ја чуваше своја предност. Во 79 минута Ибраими имаше солиден шут од слободен удар, но за малку и овој удар заврши крај голот на Гачевски. Во 85 минута во нашиот тим беше извршена уште една замена, во игра влезе Бесир Демири на местото на Дамир Којашевиќ. Се до крајот на натпреварот Вардар сигурно ја контролираше играта. Со резултат 3-1 заврши овој натпревар.
Честитки до целиот тим на Вардар за денешната голема победа!