Изминатиов викенд стартуваше пролетниот дел во женската кадетска лига. Екипата на Вардар СЦЈС со триумф го стартуваше овој дел од сезоната, што беше нивни шестти последователен во оваа натпреварувачка сезона. Избраничките на Анжела Платон гостуваа во Струга на екипата на Стружанка, каде успеаа да победат со резултат 18:23. Натпреварот беше решен на средината на второто полувреме кога направивме серија од неколку погодоци и се одлепивме на шест голови. Најефикасна во победата беше Неловска со 7 погодоци, додека Атанасова и Диневска додадоа по 5. Како помина првиот пролетен натпревар за нашите кадетки можете да прочитате од изјавата на Ружица Атанасова.
-На овој натпревар влеговме многу мотивирано и прилично добро подготвени за него. На почетокот на натпреварот одбраната беше прилично цврста со мали грешки кои не претставуваа проблем, но тоа не траеше долго поради лошата реализација и не добро организираниот напад. Во првиот дел на сезоната овој натпревар не ни претставуваше голем проблем и играта беше прилично добра, но со оглед на тоа дека игравме на нивни терен и периодот на пауза ни беше голем овој дуел не беше така добро одигран. Имавме и многу повредени играчи од првиот дел на сезоната и затоа ни требаше малкуповеќе време да се вратиме во форма, тоа исто беше дел за нестабилната игра. Не го покажавме максимумот во нападот и тоа беше речиси клучно, но јас верувам во нив и тоа ќе се поправи уште во следниот натпревар што не очекува.
Атанасова имаше пауза од терените поради повреда, но сега се чуствува подготвена да му помогне на својот тим кон освојување на првото место во оваа категорија.
-Јас го дадов својот максимум во овој натпревар со оглед на тоа дека имав поголема пауза поради повреда, речиси сум задоволна од мојата игра и придонес за овој натпревар и мојата екипа. Се надевам дека во следниот натпревар ќе се покажам и во подобро светло. На крајот од оваа сезона од нашата екипа се очекува да бидеме први на табела, потоа не очекува Ф4, па таму ќе дадеме се од себе да бидеме шампиони во кадетското првенство.
Звонко Ивановски