Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Ангелов за Вардар Фанс: Годинава сме подготвени да го направиме тој последен чекор и да стигнеме на фајнал форот во Келн

Ангелов за Вардар Фанс: Годинава сме подготвени да го направиме тој последен чекор и да стигнеме на фајнал форот во Келн

Во рамките на 12-тото од ракометната лига на шампиони, екипата на Вардар успеа на домашен терен да ја победи екипата на Целје и да се врати на првото место во најсилната група Б. Ова беше четврти последователен триумф во дуелите со овој противник. Така Вардар помина уште една пречка,  а за остварување на целта остануваат уште едва натпревари за играње во групната фаза. Еден од најголемите мотиватори на нашиот состав е Петар Ангелов-Диви кој имаше можност во еден дел од натпреварот против Целје да го замени на голот Арпад Штербик.

-Предноста од 4 гола која ја создадовме во првата четвртина од натпреварот ни ја олесни работата, иако во Лигата на шампионите ништо не е готово се до последниот звук на сирената. Одигравме паметно, ротацијата беше одлична, и можеби најважното, не се потрошивме премногу пред тешкото гостување во Мешков.

Во сабота избраниците на Раул Гонзалес го играат можеби најважниот натпревар за освојување на првото место, а за тоа да се случи треба да славиме на незгодното гостување против екипата на Брест Мешков.

-Вардар веќе неколку години е во врвот на европскиот и светски ракомет и секогаш од нас се очекува победа. Вардар оддамна не е само домашна екипа, знаеме како да се справиме со притисокот на домашните навивачи, како се освојуваат бодови во гости, но и да го совладаме психолошкиот товар кој го носат клучните натпревари во сезоната.

Црвено-црните оваа сезона веќе на три пати се сретнаа со Брест Мешков и на секој меч стигнаа до победа. Две беа во рамките на СЕХА-лигата, додека една победа забележавме во рамките на групата од ЛШ, кога славевме во С.Ц. Јане Сандански.

-Со Брест веќе одигравме три натпревари сезонава и ги знаеме сите нивни слаби и јаки страни. На сите три постигнавме повеќе од 30 голови што значи дека знаеме како да играме против нивната одбрана. Како и на претходните, така и на овој натпревар клучна ќе биде нашата игра во одбрана, и секако придонесот на голманите кој секогаш е голем во вакви натпревари.

Доколку обезбедиме директен пласман во четвртфиналето, можни противници и последна пречка за завршниот турнир во Келн ни се екипите на Веспрем и Фленсбург. Овие тимови се “должници“ на Вардар, па можеби е дојдено времето да се “наплатат“ сметките.

-И двете екипи ни се стари должници, но верувам дека годинава сме подготвени да го направиме и тој последен чекор и да стигнеме на фајнл форот. Со Веспрем сезонава имаме одиграно два натпревари и немаме пораз, но тоа не мора ништо да значи затоа што се работи за две сосема различни натпреварувања. Флензбург иако има пет порази и е на третото место во исклучително силната група А на ниту еден натпревар не беше надигран, што го потврдува нивниот квалитет. Како и да е, сеуште е рано за било какви калкулации, најпрво да го обезбедиме четвртфиналето, а потоа ќе имаме доволно време за размислување и подготвување.

Звонко Ивановски