ФК Вардар овој викенд гостува кај прилепска Победа во рамките на 21 коло во ПМФЛ. Поради проблемите со својот стадион, прилепчани се принудени и овој натпревар да го одиграат надвор од својот град.
Првите информации беа дека дуелот можеби ќе биде одигран во Могила, но, сепак, овој натпревар ќе биде одигран во Охрид на стадионот „Атина Бојаџи“. Овој натпревар е на програмата в недела со почеток во 14 часот.