Третата сениорска екипа на црвено-црниот машки ракометен колектив, тимот на РК Вардар 2 викендов го игра осминафиналниот меч од Купот на Македонија. Момците предводени од Зоран Петковски-Зенга утре ги очекува предизвик во најмасовното натпреварување.
Младите вардарци утре, недела во 13-00 часот во Спортскиот центар Кале, ќе играат со победникот од средбата Текстилец – Куманово. Севкупниот победник ќе се пласира во четвртфиналните групи од Купот. Момците на Зенга се смета деја се по меѓу фаворитите за пласман понатака од овие екипи кои ќе земат учество знаејќи ја нивната вештина и квалитет и пласманот во Првата лига каде есента ја завршија на втората позиција. Нашите момци неделава играа контролка пред овој Куп предизвик со суперлигашот Работнички. Натпреварот кој се играше во “Кале“ му припадна на нашиот млад состав кој забележа убедлива победа изразена со двоцифрена разлика 33:23.