Денес во спортскиот рекреативен центар Кале се одигра кадетското ракометно дерби помеѓу екипите на Вардар и Пролет 62. Натпреварот им припадна на црвено-црните со резултат 24:20. Ова воедно беше и прво пролетно коло во кадетската лига.
Во првите пет минути се играше гол за гол и резултатот беше израмнет на 2:2. Од почетокот се наметна силно темпо на игра, па затоа можеби повеќе се грешеше. Во таквата игра подобро се снајде нашиот состав кој прв се одлепи на три гола разлика (6:3). Како течеше првиот дел, избраниците на Грчевски и Чивлачки го зголемуваа водството, кога во еден момент имавме водство и од 9:5. На одмор имавме можност да заминеме со поголема предност, откако црвено-црните имаа и највисоки шест голови (13:7), но во последните две минути, противникот постигна два гола и на одмор се замина со резултат 13:9. За напомена на голот во првото полувреме го имавме одличниот Марко Кизиќ.
На стартот на вториот дел нашите кадети ја враќаат највисоката предност од шест гола и поведуваат со 15:9. Оваа разлика се одржуваше се до резултат 21:15, кога Вардар направи нова серија од 4:0 и стигна до највисоки 24:15. Ваквото водство ни овозможи комотно да го привршиме натпреварот, дозволувајќи на противникот да го намали резултатот на 24:20 што беше и конечен на крајот. Ова беше петта победа за нашите кадети во групата 2 од лигата.
Најефикасен беше Тони Атанасовски со 8 голови, Васе Наков беше стрелец на 7 голови, додека Христи Бикоски додаде 5.