Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Радичевиќ: Мораме да се разбудиме, има и вакви лоши денови -Дејвис: Имаме уште шанси да бидеме први во групата
Радичевиќ: Мораме да се разбудиме, има и вакви лоши денови -Дејвис: Имаме уште шанси да бидеме први во групата

Радичевиќ: Мораме да се разбудиме, има и вакви лоши денови -Дејвис: Имаме уште шанси да бидеме први во групата

Екипата на ЖРК Вардар доживеа висок неочекуван пораз на гостувањето во Франција. Не сме навикнати да го гледаме Вардар во вакво издание, кој на крајот го загубивме натпреварот со убедливи 42:28. Ова беше втор пораз за црвено-црните во оваа натпреварувачка сезона. По завршување на дуелот, на прес-конференцијата пред медиумите се обрати Јованка Радичевиќ.

-Срам ни е, бидејќи загубивме со толкава разлика. Од почеток до крај неможеш да победиш со толку промашени зицери. Дадовме доста голови, 28, но примивме многу 42, што значи дека одбраната ни беше катастрофа. Мора да се разбудиме, има и вакви лоши денови, но знаеме да играме, тоа го покажавме во претходните мечеви. Ако требаше да се случи, подобро сега да биде и да се разбудиме. Не е важно кој е противникот, туку како ние влегуваме во натпреварот. Најлошо е кога влегуваме со некој страв или несигурност, тогаш се случува нешто спротивно.

Тренерот Дејвис истакна дека ова е најлошиот натпревар на Вардар и дека мора да се победи против Турингер.

-Ова е најлош натпревар досега што сме го одиграле. Минатата недела беше друг проблем со екипата и нивните мисли беа на друга страна. Очигледно дека не можевме добро да се спремиме за 6-0. Кога ќе играме повторно против Мец ќе треба подобро да се спремиме. Имаме уште шанси да бидеме први во групата, но повеќе мораме да се сконцентрираме на следниот меч со Турингер на домашен терен.