Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Победнички пролетен старт за кадетите на РК Вардар кои го добија дербито со Пролет 62
Победнички пролетен старт за кадетите на РК Вардар кои го добија дербито со Пролет 62

Победнички пролетен старт за кадетите на РК Вардар кои го добија дербито со Пролет 62

Денес во спортскиот рекреативен центар Кале се одигра кадетското ракометно дерби помеѓу екипите на Вардар и Пролет 62. Натпреварот им припадна на црвено-црните со резултат 24:20. Ова воедно беше и прво пролетно коло во кадетската лига.

vardarfans-rk-vardar-2

Во првите пет минути се играше гол за гол и резултатот беше израмнет на 2:2. Од почетокот се наметна силно темпо на игра, па затоа можеби повеќе се грешеше. Во таквата игра подобро се снајде нашиот состав кој прв се одлепи на три гола разлика (6:3). Како течеше првиот дел, избраниците на Грчевски и Чивлачки го зголемуваа водството, кога во еден момент имавме водство и од 9:5. На одмор имавме можност да заминеме со поголема предност, откако црвено-црните имаа и највисоки шест голови (13:7), но во последните две минути, противникот постигна два гола и на одмор се замина со резултат 13:9. За напомена на голот во првото полувреме го имавме одличниот Марко Кизиќ.

vardarfans-pobeda

На стартот на вториот дел нашите кадети ја враќаат највисоката предност од шест гола и поведуваат со 15:9. Оваа разлика се одржуваше се до резултат 21:15, кога Вардар направи нова серија од 4:0 и стигна до највисоки 24:15. Ваквото водство ни овозможи комотно да го привршиме натпреварот, дозволувајќи на противникот да го намали резултатот на 24:20 што беше и конечен на крајот. Ова беше петта победа за нашите кадети во групата 2 од лигата.

17190693_1267692876610889_8509586453284315691_n

Најефикасен беше Тони Атанасовски со 8 голови, Васе Наков беше стрелец на 7 голови, додека Христи Бикоски додаде 5.