Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Вардаровиот играч, Бојан Колевски донесе победа за Македонската фудбалска репрезентација до 18 години на контролен меч против Ц.Гора
Вардаровиот играч, Бојан Колевски донесе победа за Македонската фудбалска репрезентација до 18 години на контролен меч против Ц.Гора

Вардаровиот играч, Бојан Колевски донесе победа за Македонската фудбалска репрезентација до 18 години на контролен меч против Ц.Гора

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години успеа да го добие првиот од двата конролни натпревари против Црна Гора кои се играат на тренинг центарот “Петар Милошевски“. Избраниците на Вујадин Станојковиќ попладнево славеа минимално против своите врсници со резултат 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше Вардаровиот играч Бојан Колевски.

Ова момче успеа да ја донесе Македонија во предност од 1:0 со погодок во 17 минута, а во првиот дел имаше уште една убава шанса да го зголеми резултатот. Во составот за овој прв дуел се најдоа уште два играчи на ФК Вардар. Се работи за младинците Филип Стојчевски и Тодор Тодорвски кои го носат црвено-црниот дрес. Колевски и Тодоровски беа стартери, додека Стојчевски влезе во игра во вториот дел. Колевски во Вардар пристигна пред стартот на пролетниот дел од екипата на Металург и беше дел од првиот тим на подготовките во Анталија.

Вториот меѓусебен дуел на овие две репрезентации се игра во четврток со почеток од 11 часот на истиот терен.