Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на Вардар СЦЈС и Металург по втор пат сезонава одиграа со нерешен резултат
Младинките на Вардар СЦЈС и Металург по втор пат сезонава одиграа со нерешен резултат

Младинките на Вардар СЦЈС и Металург по втор пат сезонава одиграа со нерешен резултат

Вечерва во спортскиот ракометен центар Кале се одигра младинското женско ракометно дерби помеѓу екипите на Вардар СЦЈС и Металург. Со овој дуел го стартувавме пролетниот дел во лигата, а втор пат сезонава двете екипи играат со нерешен резултат.

Противникот од Автокоманда подобро го отвори мечот каде во неколку наврати имаше предност од два гола разлика. Беше 0:2, 1:3 и 2:4, но Вардарки постигнуваат три последователни голови и за прв пат на натпреварот имаат водство од 5:4. Во следните речиси 20 минути се играше гол за гол и ниту една од двете екипи немаа поголемо водство од еден гол разлика и постојано се менуваа во водство. Сепак финишот на првото полувреме им припадна на Металург кои при нерешен резултат од 8:8 прават серија од 1:3 и на одмор заминуваа со предност од 9:11.

mladinskoto-gradsko-derbi-bez-pobednik-9617

Првиот гол во второто полувреме му припадна на Вардар, но гостинот врати со два погодоци за прв пат на мечот да има  највисоки три голови разлика. Сепак избраничките на Платон брзо ги консолидираат своите редови и при неагатива од 11:14 интересно прават серија од 7:0 и стигнуваат со солидно водство од 17:14. Нашите младинки има за што да жалат бидејќи во финишот на натпреварот имаа и предност од 20:16, но до крајот му дозволија на Металург со серија од четири погодоци да го израмни резултатот на 20:20. Овој резултат на крајот се покажа и како конечен.

Во нашиот состав најефикасни беа Леонида Гичевска со 5 и Сашка Филипоска со 4 голови.

ЖРК Вардар СЦЈС: Николовска 3, Стамова 3, Гичевска, Кицевска, Стојмановска, Мицевска, Вељановска, Карчева 3, Георгиевска, Станикевска 1, Божиноска 1, Тодоровска, Реџеп, Костадиновска, Филипоска 4, Иванова.