Денес на терените на ФФМ се одиграа натпреварите од четвртото коло во детската фудбалска лига. Два натпревари одигра и Вардаровата генерација родени “2006“ година кои забележаа две победи.
Во првиот меч се сретнаа екипите на ФК Вардар (1) генерација “2006“ и екипата на Работнички 2 . Во овој дуел нашите момци предводени од Филип Арсовски дојдоа до победа со 7-0 (3-0). Прва прилика за црвено-црните имаше Давид Голубов кој се обиде да го отвори резултатото на почетокот. Голема прилика за гол пропуштме преку Николовски Марко кој погодува во стативата од гол конструкцијата. Истиот играч потоа искача сам на сам со голманот на црвено-белите кој беше поуспешен во овој дуел. Неговиот трет удар го брани голманот во продолжение, сепак топката се одби до Давид Голубов кој погодува за 1-0. Во следниот напад Голубов во соло продор одлично се снаоѓа и го дуплира водството, односно стрела за 2-0. По овој гол се обидуваме да погодиме повторно, во постојан атак сме преку Дамјан Крстевски имаме прилика кој се обиде од далечина но не погоди. Имавме во продолжение три прилики две преку Кристија Галевски и една преку Никита Патаровски од дистанца кои не вродија со плод. Постојано напаѓаме па така изнунивме пенал од три корни одлично крај десниот дирек шутна Давид Голубов кој зголеми на 3-0. Потоа до крајот на првиот дел се обидовме преку Стефан Коловски кој шутна крај голот, а најголемата шанса ја пропушти Марко Николовски кој не успеа да погоди пенал, односно голманот го одбрани неговиот удар.
Вториод дел го почнавме со целосна доминација на теренот, создававме псотојано прилики уште од самиот почеток. Две прилики не реализираше по ред Максим Цониќ, а еднаш не успеа да ја затресе мрежата од одлична прилика Михаил Танчев. Сепак поради три корни кои ги направија нашите ривали од овие нивни одбрани добивме казнен удар, кој во гол го претвори Давид Голубов за 4:0.. По голот одлично шутна од дистанца Михаил Николов кој ја погоди гредата. Вистинско гол-шоу имаше денес Голубов тој го постигна и петтиот гол за нас на овој дуел, со удар од 12-13 метра погоди одлично за 5-0. Доминиравме до крајот на мечот екипата на “романтичарите“ постојано беше во дефанзива погодивме до крајот на дуелот уште два пати. Најпрвин Стефан Коловски, од лева страна од “мртов агол“ погоди силно под грдата. Голубов во последниот напад погоди статива, а топката во продолжение од нападот дојде до Максим Цониќ, кој во последната минута погоди за 7-0. Веднаш потоа судијата покажа и крај на мечот.
Екипата на Вардар (2) исто така забележа победа против тимот на Спорт Ефе. Овој натпревар заврши со резултат од 6:1 за црвено-црните. Првите пет минути од натпреварот поминаа без поголеми шанси на двете страни. Првата поголема прилика ја имаше Михаил Танчев, но противничките играчи во последен моменти исфрлија од гол линијата. Шанса имаше и Олег Трифуновски, но голманот на Спорт Ефе го брани неговиот удар. Овој играч имаше можност да донесе водство и тоа со удар од белата точка, но голманот на Работнички спречува погодок. Нова шанса имаше Танчев, но сеуште резултатот остана оној почетниот. Црвено-црните постојано се обидуваа да го отворат резултатот и тоа им успеа. Олег Трифуновски конечно погодува за 1:0. Во следната наша акција добра шанса имаше Олех Михајловски, но противничкиот голман успешно брани. На полувреме заминуваме со зголемено водство од 2:0. Стрелец беше Филип Симоновски.
Уште подобра игра во вториот дел за избраниците на Филип Арсовски кои постигнаа уште четири голови. Најпрво на 3:0 зголеми Мирза Хасиќ, за кој ова беше прв негов гол на денешниот натпревар. Интересно во листата на стрелци се запишува и нашиот голман Андреј Данстак и тоа со удар од белата точка за предност од 4:0. Во листата на стрелци се запишува и Марко Митев за веќе петарда во мрежата на Спорт Ефе и водство од 5:0. До крајот на натпреварот уште два гола и тоа по еден во двете мрежи. Најпрво Спорт Ефе намали на 5:1,за конечните 6:1 да ги постави Марко Митев.
Успешно коло и за генерацијата “2006“. Вардар (1) го задржува максималниот број на освоени бодови, а се подобри игри покажуваат и Вардар (2).