Младинците на фудбалскиот клуб Вардар ремизираа во првото пролетно коло во првенството. Тие денес на гостувањето во Струмица се сретнаа со екипата на Академија Пандев, со која одиграа нерешено 1:1. Стрелец на единствениот гол за Вардар беше Виктор Димков.
На овој натпревар се се случи за десет минути. Најпрво домашниот тим поведе во петтата минута со 1:0, додека само пет минути подоцна, или во десеттата минута Димков го израмни резултатот на 1:1. Овој резултат на крајот се покажа и како конечен.
Тренерот Марковски стартуваше со следниве 11-сетмина: Трајчевски, Т.Тодоровски, Ричков, Исмаил, Личина, Димков, Додевски, Колевски, Димитровски, Најдоски, Стојчевски.
Во игра во второто полувреме влезе уште и Ердон Даци. Во второто пролетно коло, црвено-црните се домаќини на Пелистер, каде ќе се обидат да стигнат до првиот триумф оваа пролет.