По величествениот меч во Ѓер и одличниот успех кога се исфрлени шампионките на Европа и обезбедивме Ф4 завршен турнир во Будимпешта девојките се вратија во Скопје каде беа пречекани како херои од својте фанови.
Денес по слетувањето на аеродромот Александар Велики црвено-црните девојки од женската ракометна секција на Вардар се упатија кон својот дом Спортскиот Центар Јане Сандански каде имаа прекрасен пречек од поголем број на фанови. Фановите со еуфоричен пречек им се заблагодарија за историскиот успех на девојките на Индира Кастратовиќ кој во мечот кога се сретнаа со најсилниот тим во Европа направија огромен подвиг.
Во завршниот фајналфор покрај Вардар познати се и другите учесници на истиот , а тоа се тимовите на Будуќност, Ларвик и Динамо.
фото: zrkvardar.mk