Младинците на РК Вардар Јуниор стигнаа до својата втора последователна победа во рамките на младинската лига од групата 2. Тие на теренот во Кале беа подобри од екипата на Макс Струмица со резултат 28:23. Заслужен триумф за избраниците на Пепи Манасков кои во најголем дел имаа водство и контрола на резултатот. Најефикасни во победата беа Иван Барлаковски и Лука Благопетров со по 6 постигнати голови. Како помина овој меч можете да прочитате од изјавата на Барлаковски:
-Според мене победата се должи на добрата транзиција во нападот и одличната одбрана, тие се едни од точките кои придонесоа, нормално и тимската игра. Дуелот го започнавме со одлично темпо, нормално во некои делови од играта имаше падови но со одличните совети на нашиот тренер Пепи Манасков брзо успеавме да се вратиме во игра и да доминираме во нападот и одбраната. Јас сум сигурен дека дадовме се од себе јас и моите соиграчи како целина за играта од тоа и следеше резултатот.
Во есенкиот дел од сезоната оваа екипа имаше само две победи, а веќе на стартот на пролетниот дел од две одиграни кола има исто толку победи, со што очигледен е напредокот на тимот во овој дел од сезоната.
-Во првиот дел бевме во фаза на составување и воигрување на тимот, благодарение на тешките припреми и професионалноста на нашиот тренер успеавме да се подобриме да го подобриме резултатот во вториот дел од сезоната.
Формата на тимот оди во нагорна линија и се очекуваат уште подобри резултати од избраниците на Манасков во продолжение од сезоната.
-Според тренинзите и тоа што се гледа на утакмиците е дека напредуваме со одлично темпо и се надевам и многу би сакал кога би биле во најдобрите четири или уште подобро да го освоиме првото место во лигата. Се надевам дека со напорна работа и тимски дух ќе ја оствариме целта.
Звонко Ивановски