Јованка Радичевиќ со девет голови ги предводеше Вардарки до нова победа во лигата на шампионите. Црвено-црните со триумф ја затворија главната групна фаза, откако пред својата публика со двоцифрена разлика ја победи екипата на Турингер. Доброто издание на нашето десно крило не остана незабележано од ЕХФ која ја смести во трите најдобри ѕвезди на колото во лигата на шампионите.
Покрај Радичевиќ во овој избор се најдоа уште Аурелиа Брадеану ( ЦСМ Букурешт) и Вероника Кристиансен (Митјиланд). Да помогнеме со нашите гласови за Радичевиќ да биде избрана за ѕвезда на колото, со гласање на линкот ТУКА.