Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Историја > Историја! Урош Петковски- легенда на ФК Вардар и скопскиот фудбал
Историја! Урош Петковски- легенда на ФК Вардар и скопскиот фудбал

Историја! Урош Петковски- легенда на ФК Вардар и скопскиот фудбал

УРОШ ПЕТРОВСКИ – Роден во 1924 година, уште еден од легендите на Вардар од педесеттите години кога „црвено-црните“ со голем успех играа во прволигашкото друштво на поранешна Југославија.

Урош Петровски, играч кој со својата бескомпромисна игра остави длабоки траги во Вардар, беше миленик на навивачите, фудбалер кој играше со повеќе генерации на нашиот најтрофеен клуб почнувајќи од голманите Цветковски и Тоде Георгиевски, со Кокиновски, Геров, Стојан Велковски, Цинциевски, со Дончевски, Владо Николовски, Чепароски, Мирко Илиевски, со Јоциќ и Јелисавчиќ…

Урош Петровски е еден од ретките фудбалери во Македонија кој играше во Првата лига на Југославија во дресот на Работнички и Вардар.

Играше за Работнички во Првата лига 1952 година заедно со Гичевски, Тодор Балевски-Велф, Блажо Мојсов, Божо Вучиновски, Војче Димитровски, Спире Петровски, Цветко Бачваровски, Кирче Стојановски, Христо Христовски-Мулац и Атанас Радевски-Брсјак.

Една година подоцна настапи за Вардар во прволигашката конкуренција на поранешна Југославија.
Дебитираше на средбата со Хајдук во Скопје, кој Вардар го загуби со 1:2.
За Вардар има одиграно 208 натпревари од кои 109 првенствени постигнувајќи 14 погодоци.
Беше непогрешлив стрелец од белата точка.

Кариерата ја има почнато во скопски Пролетер, подоцна играше за Милиционер 1947 година кој беше втор клуб во Македонија кој играше во Втората југословенска лига.
За овој клуб во Втората лига играше заедно со Тодор Балевски-Велф, Муарем Рустемов, Драган Георгиевски-Геџо, Душко Стефановски, Вања Аливантов, Галиш Нијазовски, Цветко Бачваровски, Бранко Тикваровски, Чедо Ханџиски и Влајко Умери.

По завршувањето на играчката кариера беше мошне успешен тренер, со МИК влезе во Втората лига на Југославија.
Почина во 2008 година.