Натпревар во рамките на петтото пролетно коло од детската лига денес одигра Вардаровата генерација “2004“ кои забележаа нова победа.
Меч одигра само Вардар (2) кој за противник го имаше тимот на Њу Јорк од населбата Чаир. Истиот заврши убедливо во корист на нашите млади надежи, кои издвојуваа триумф со резултат 16:0. Првите два гола на натпреварот беа дело на Марко Софијаноски кој носи предност на црвено-црните од 2:0, а асистент во двата наврати беше неговиот брат Матео. На третиот гол во мрежата на противникот не се чекаше многу време, откако прв гол постигнува и Матео Софијаноски за водство од 3:0. Овој меч беше само полесен тренинг за нашата генерација, која немаше многу проблеми околу победата. Прв пат се закани и Хајдари, но неговиот удар е одбранет од противничкиот чувар на мрежата. Никола Павлески имаше можност да погоди од удар од белата точка, но голманот на Њу Јорк излегува како победник, по што резултатот останува непроменет. Повторно во акција се браќата Софијаноски и повторно погодува Марко, а асистира Матео за водство од 4:0.
Стигна и “петарда“ во мрежата на противникот, а прв гол постигнува и Исмет Хајдари, кој беше успешно проигран од Каровски за водство од 5:0. Вардарци продолжија со нападите, што резултира со нов гол, а прв за Теодор Перковски за водство од 6:0. Гуџуфи имаше можност за прв гол, но неговиот удар завршува во пречката. Обид имаше и Лука Ивановски, но само над голот. Противникот направи три корни, што беше знак за судијата да покаже на белата точка. Сигурен реализатор беше Исмет Хајдари за резултат 7:0. До крајот на првиот дел уште еден гол во мрежата на Њу Јорк, прв за Бесар Гуџуфи, кој искористува една грешка на голманот и ја сместува топката во мрежата. На полувреме се заминува со резултат 8:0.
Истиов играч веднаш на стартот на вториот дел зголемува и на 9:0. Истата слика на теренот беше и во второто полувреме. Црвено-црните константно го напаѓаа противничкиот гол, а Теодор Перковски со нов гол зголемува на 10:0. Голеадата ја продолжува Марко Софијаноски кој носи водство од 11:0. До крајот на мечот уште пет гола во противничката мрежа, а редоследно беа дело на Каровски (12:0), Гуџуфи (13:0), Каровски од пенал (14:0), Перковски (15:0), за точка на мечот и конечни 16:0 да стави Гуџуфи.