Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нова голеада на ФК Вардар генер. “2005“, денес убедливо совладани екипите на Металург и Сарај

Нова голеада на ФК Вардар генер. “2005“, денес убедливо совладани екипите на Металург и Сарај

Денесна терените на ФФМ продолжија натпреварите во детската фудбалска лига. Натпревари со двете екипи одигра Вардаровата генерација “2005“ која забележа победи.

Вардар (1) прв излезе на теренот и тоа на дуел со екипата на Металург. На овој меч доминиравме и освоивме нови бодови. Рано го отворивме резултатот, откако со удар од белата погодуваме за 1:0. Претходно во противничкиот простор еден од играчите на Металуг играше со рака, по што судијата досуди пенал. Сигурен реализатор беше Филип Јовановски. На вториот гол не се чекаше многу време, а стрелец за Вардар е Давор Лефковски за зголемување на резултатот. Доби топка од Величковски, овој умешно се ослободува од голманот и ја сместува топката во мрежата, за водство од 2:0. Во следната наша акција се обиде и Ѓорѓи Дошев, чиј удар завршува во рацете на голманот.  Обид имаше и Јовановски, но топката завршува покрај голот на Металург. На спротивнината страна тимот од Железарница за прв пат се заканува кон нашиот гол, но Василиј ја избоксува топката.

vardarfans-gastarov

Вардар немаше среќа да го зголеми резултатот, откако Величковски со глава ја погоди пречката. Повторно пропуштаме овој пат зицер на Филип Јовановски, кој беше несебечно проигран од Лефковски, но сепак шутира само покрај голот. Уште еднаш на дело Вардаровиот голман ги покажува своите квалитети и брани силен удар на Металург. По првото полувреме имавме водство од 2:0.

vardarfans-gener-2005

Првата шанса во вториот дел беше за Матеј Гаштаров, кој бие покрај голот на Металург. Сепак црвено-црните по неколку неискористени шанси успеваат а реализираат, со втор гол на Филип јовановски и повторно од пенал, за водство од 3:0. Во овој дел од мечот не му дозволивме на Металург многу да се изнаигра, кој беше дефанизвно ориентиран. Прв гол на мечот постигнува и Филип Радески за убедливо водство од 4:0. До крајот на натпреварот уште два гола во противничката  мрежа, дело на Никола Величковски кој доби топка од Радески и без проблеми погодува за 5:0. Истиов играч погодува уште еднаш, за зголемување на 6:0.  Овој резултат беше и конечен на мечот.

vardarfans-dosev

Победа забележа и Вардар (2) кој за противник го имаше тимот на Сарај. И тука рано го отворивме резултатот со удар од белата точка, откако противникот направи три корни. Сигурен реализатор беше Горјан Цветков за водство од 1:0. Претходно прв во шанса се најде Тино Спасиќ, кој со глава бие покрај противничкиот гол. Шанса со глава имаше и Христијан Танески, но противничките играчи во последен момент исфрлаат од гол линијата. Повторно противникот прави три корни, што значеше нов пенал за екипата на Вардар. Повторно сигурен од белата точка беше Горјан Цветков за водство од 2:0. Овој резултат беше актуелен по истекот на првите 25 минути.

Повторно Цветков имаше шанса, прва во второто полувреме, но неговиот уар завршува покај голот на Сарај. Сепак црвено-црните успеваат да го зголемат резултатот на 3:0, со голот на Симеон Здравковски. Истиов играч носи предност и од 4:0 и тоа со удар од белата точка. Претходно во противничкиот простор беше фаулиран Цветков, по што судијата покажа на белата точка. Одличен гол и за Влатко Колуковски кој успешно стрела за предност од 5:0. Шансите пред голот на Сарај се редеа, а со тоа и погодоците. Следен кој погодува е Горјан Цветков за водство од 6:0, што за него беше и хет-трик на овој натпревар. После неколку добри неискористени шанси, екипата на Вардар успева да го зголеми резултатот на 7:0 со голот на Лука Јакимовски. Целосна офанзива кон голот на Срај гледавме на овој натпревар. Почесен гол и за противникот и тоа со удар од белата точка за намалување ба 7:1, откако претходно еден наш играч играше со рака. Сепак ние до крајот на натпреварот постигнуваме уште два гола. Двата погодоци се дело на Стефан Наумовски за конечен резултат од 9:1.

Браво за оваа генерација на Вардар, која и после одигрување на ова коло останува со максимален број на освоени бодови во детската лига.