Денес во малата сала при С.Ц “Јане Сандански“ се одигра дербито во кадетска конкуренција помеѓу нашите девојки и екипата на ЖРК Куманово. Во овој натпревар девојките предводени од Пецевска кои се всушност помали од сите учесници во лигата бидејќи нивната возраст е за пионерски состав беа на чекор до пласман во Ф-4. Тие во клучниот меч победија со Куманово, но за жал не доволно. На нив им беа потреби седум гола позитива, сепак големо БРАВО се бореа како Лавици цела лига, а и денес.
Први со гол овој дуел го отворија нашите девојки, кумановчани возвратија со гол за 1-1. Со серија 5-2 првпат се одлепивме во 10 минута на комотни “три плус“ односно 6-3. Се играше навистина борбен дуел пред полни трибини нашите девојки иако помали влегоа во костец со противникот. Во игра гол за гол по десет пати погодија до пред финишот двете екипи, во последната минута се влезе со 16-13. Нашите девојки успеаа да постигнат гол за 17-13 и со “плус четири“ кои даваа надеж отидоа на одмор.
Вториот дел почна со погодок на гостите кои намалија на 17-14. Ние заигравме ангажирано во одбраната, пеколно во нападот се бореа девојките навистина “машки“. Успеавме да дојдеме и на пет гола предност 21-16. Во еден меч со многу борба, трчање девете кипи во продолжение постигнаа по пет гола за во завршните 8 минути влеземе со наша предност од 26-21. Во финишот одигравме на “се или ништо“ немаше време за мирна игра се потрудивме да дојдеме до фамозните “седум плус“, за жал сепак неуспеавме. Победивме за жал “пирово“ со 30-26. Сепак мора да ги пофалиме девојките за овој меч, а и за целата втора полусезона каде одиграа одлично, од срце со многу моќ, желба и напредок се краси нивната игра. Кај нас прв стрелец беше: Седлоска со 12 гола, Јалевска имаше 4 колку и Ѓеоргиевска. Освен нив одлични беа сите кои настапија, тренерскиот двоец одлично го водеше мечот,а на голот повторно добра партија имаше и Трајовска.