Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генер. “2006“ продолжува со добрите игри во детската лига, денес две нови победи за нашите надежи
Вардаровата генер. “2006“ продолжува со добрите игри во детската лига, денес две нови победи за нашите надежи

Вардаровата генер. “2006“ продолжува со добрите игри во детската лига, денес две нови победи за нашите надежи

Вардаровата генерација родени “2006“ година денес одигра два натпревари во рамките на детската лига и на двата забележа убедливи победи. Совладани беа екипите на Кул Здравје 2 и Шкупи.

Вардар (1) за противник го имаше тимот на Кул Здравје 2, кој го совлада со убедливи 7:1. Пред да започнеме да го полниме голот на противникот имавме неколку шанси уште порано да го отвориме резултатот. Сепак некаде на средината на првото полувреме успеваме да поведеме со 1:0 со голот на капитенот Дарко Сековски, со удар од белата точка откако противникот направи три корни. Потоа се одеше полесно за нашите момци, кои покажаа дека се далеку подобар противник. Набргу го зголемуваме резултатот на 2:0 со првиот погодок на Марко Николовски. До крајот на првиот дел уште еден гол во противничката мрежа, дело на Давид Голубов, за на полувреме да имаме предност од 3:0.

vardarfans-2006

Продолживме со добрата игра и во второто полувреме, каде создадовме голем број на шанси. Прв гол на натпреварот постигнува и Стефан Коловски кој го зголемува нашето водство на 4:0. Во следните две минути во два наврати се закани екипата на Кул Здравје кон нашиот гол, но поуспешен беше нашиот голман Андреј Данстак. Вардарци постигнуваат и нов петти гол во противничката мрежа, кој беше дело на Давид Голубов, а истиов играч само неколку минути подоцна со одличен удар во горниот лев агол погодува и за 6:0. Тренерот Арсовски на голот направи замена, па помеѓу стативите застана Мартин Ивановски, кој веднаш успева да скроти еден удар на противникот. Нова шанса во продолжение од мечот имаше Голубов, но неговиот удар го брани голманот на Кул Здравје. Почесен гол успева да постигне и противникот, откако Вардар направи три корни за намалување на 6:1. До крајот на натпреварот го зголемивме водството на 7:1 со погодокот на Стефан Коловски. За одбележување е и шансата на Голубов, чиј удар го брани противничкиот голман. Конечниот резултат гласеше 7:1.

Уште поубедлива победа забележа Вардар (2) во дуелот против Шкупи. Тука конечниот резултат гласеше 13:1. По првото полувреме имавме исто така убедливо водство од 7:0 Редоследно ви ги претставуваме стрелците на постигнатите голови:

- Олег Михајловски  1:0

- Димитар Порчу  2:0

- Филип Симоновски  3:0

- Александар Мијовски  4:0

- Михаил Танчев  5:0

-Александар Мијовски  6:0

- Марко Митев  7:0 (полувреме)

- Лука Митревски  8:0

- Михаил Танчев  9:0

- Михаил Танчев  10:0

- Олег Трифуновски   11:0 ( пенал)

- Андреј Данстак  12:1  ( пенал)

- Марко Митев  13:1

Продолжуваат добрите игри за оваа генерација, која денес на своето конто додаде нови бодови.