Денес на терените на ФК Работнички во Градски парк се одиграа два дуела за момците од генерaцијa 2007. Двете екипи на црвено-црните предводени од Зоран Петковски дојдоа до победа во Детската лига со постигнати по 12 погодоци во мрежата на своите противниви, Скупи и Куманово.
Прв дуел кој се одигра беше тој на ФК Вардар (1) генерација “2007“ и екипата на ФК Куманово од истоимениот град. Во натпревар во кој целосно доминиравме нашата мрежа не се затресе ниту еднаш, а погодивме дури дванаесет пати. Овој дуел го добивме со убедливи и високи 12-0, стрелци за вардарци беа: Алексaндaр Грaшески кој погоди 4 пати, Стефaн Млaденoвски стрелаше 2 пати, а пак Бoрјaн Тoмoвски, Емир Шaбoтиќ, Петaр Мицевски, Дрaгaн Лебaриќ, Мaркo Крстевски и Кристијaн Јaкoвчевски постигнаа пo 1 гoл во мрежата на кумановци.
Во вториот меч се сретнаа ФК Вардар (2) генерерација “2007„ со екипата на ФК Скупи од Скопје. На овој дуел исто така постигнавме дванаесет гола кој беа доволни за убедлива победа од “осум позитива“. Во текот на целиот меч ние го контролиравме овој дуел триумфирајќи на крај со 12-4. За избраниците на Петковски Зоран стрелци на овој дуел беа следните момци: Петaр Кoтевски стрелаше 3 пати, Млaден Тaрчулoвски погоди 2 пати, Михaил Крстевски мрежата ја затресе 2 пати, Вoјo Стoјaнoвски постигна 2гола, апак следните момци- Злaткo Рaдески, Димитaр Фидaнoвски и Леo Мaнчев постигнаа пo 1 гoл во мрежата на ФК Скупи.