Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите загубија, младинците на Вардар и Милано одиграа без голови
Кадетите загубија, младинците на Вардар и Милано одиграа без голови

Кадетите загубија, младинците на Вардар и Милано одиграа без голови

Еден нерешен резултат и пораз за нашите екипи на денешното гостување во Милано, во рамките на 14 првенствено коло.

Кадетите го загубија напреварот против врсниците од Милано со резултат 3:1. Стрелец на единсветниот погодок за Вардар беше Јакуп Бериша. На полувреме резултатот беше 1:1.

ФК Вардар: Зибери, Џуклески, Јордановски, Серафимов, Абдулхади, Стоименов, Бериша, Насковски, Петревски, Трајчевски, Скендерески.

Младинците ремизираа без голови 0:0 и покрај неколкуте шанси со три бода да заминат од ова гостување. Сепак на крајот моравме да се задоволиме со еден освоен бод од овој натпревар.

ФК Вардар: Трајчевски, Ричков, Исмаил, Тодороски, Личина, Димков, Додевски, Димитровски, Даци, Најдоски, Стојчевски.