Девојките на Вардар ја остварија третата победа во регионалната ВРХЛ лига, вечерва во Копривница нашите девојки ја совладаа екипата на Будуќност со резултат 28-27 (15-11). Ова беше втор турнир од ВРХЛ лигата, вардарки овој викенд запишаа две победи, вчера против домаќинот тимот на Подравка и денеска против тимот на Будуќност од Црна Гора.
Иако вардарки настапија без стандардните Лекиќ, Лакрабер, Алтхаус и Човиќ, сепак најдоа сили и славеа победа против секогаш незгодниот тим на Будуќност. Овие натпревари од ВРХЛ лигата се добредојдени за нашиот тим бидејќи се главна подготовка пред натпреварите против Ларвик во 1/4 финалето од Лигата на шампионите.
Будуќност – Вардар 27-28 (11-15)
Будуќност: Зечевиќ, Ујкиќ, Неагу 10, Јауковиќ 4, Плетикосиќ, Аговиќ, Свијиќ 3, Ирман 4, Премовиќ, Булатовиќ 3, Батиновиќ, Павичевиќ, Рамусовиќ, Ачхрук 1, Лазовиќ, Грбиќ.
ВАРДАР: Радичевиќ 2, Кликовац, Херем 3, Мaвсар 3, Дамњановиќ 2, Лејно 1, Лазовиќ 5, Илина, Пенезиќ 11, Суслина, Хмирова, Петровиќ 1, Песоа, Ристовска.