Денес на програмата е новото коло во Македонската кугларска лига (МКЛ), вардарци ќе бидат домаќини во ова претпоследно 14-то коло од лигашкиот дел. Јуниорскиот состав и сениорскиот предодени од клупата од Драги Димитровски ќе ја пречекаат екипата на КК Империал Тобако ТКС.
Вардар е во борба за втората позиција, во минатото коло влеговме во дербито со еднаков број бодови колку и тимот на ГТЦ. Нашите момци успеаа да победат во дуелот со дирекниот конкурент, КК ГТЦ Мусандра и се одлепија на два бода плус. Ние стигнавме до 18 бода, а противникот остана на 16 осовени бода. Победа во овој дуел ќе ни овозможи на коло пред крајот да ја обезбедиме теоретски втората позиција која беше наша цел оваа сезона во Македонската кугларска лига. Приликата е веќе денес, четврток, 6 април кога го пречекуваме “фенерџијата“ КК Империал Тобако ТКС. Дуелот се игра со почеток во 17-00 часот, во кугларницата “Мусандра“ во Градскот трговски центар Скопје. Половина час претходно во 16-30 минути на патеките во “Мусандра“ ќе се сретнат нашиот и јуниорскиот состав на екипата на Имлпериал Тобако ТКС.
За победата со ГТЦ и очекувањата од денешниот меч имавме интервју со еден од хероите на нашиот тим во изминатото коло Дарко Димитровски, тој кажа дека победата со ГТЦ ни овозможи да ја оставриме целта и дека денешниот меч е клучен за потврда на вицешампионската титула која е наша цел. Повеќе за разговорот со Димитровски Дарко може да погледнете на нашиот сајт-ТУКА!