Во текот на денешниот ден на терените на Фудбалската федерација на Македонија, ФК Вардар генерација родени 2006 година одиграа два дуела во детската лига. Избраниците на Филип Арсовски се сретнаа со екипите на Албион и на Ал Барса. Во првиот дуел со Албион дојдовме до победа, а во вториот со Ал Барса бевме поразени.
ФК Вардар генерација 2006 година (1) одигра меч со врсниците од екипата на Албион во овој дуел избраниците на Арсовски успеаа да дојдат до победа со резултат 5-1. Првото полувреме му припадна целосно на нашиот состав, ние имавме повеќе од играта постојано напаѓавме и успеавме да поведеме со 1-0 преку Кристијан Галевски. По овој погодок атакувавме на зголемување на водството во продолжение на првиот дел. Успеавме да го удвоиме водството преку Марко Николовски кој стрелаше умешно. Тој постигна гол за 2-0 резултат со кој се замина на одмор на овој натпревар.
Во вториот дел само што почнавме следеше “студен туш“ екипата на Албион намали на 2-1 и внесе неизвесност околу победникот. Сепак нашите момци одиграа смирено и нападнаа во продолжение. Предноста од два гола ја врати Давид Голубов, кој погоди рутинирано за предност од 3-1. По овој гол ние ја контролиравме играта, победата се наѕираше по погодокот на Дарко Сековски кој погоди за висока предност со резултат 4-1. До крајот се беше рутина играше само еден тим на теренот оној во црвено-црна комбинација. Нашите момци стигнаа и до “петарда“ стрелец на голот беше Давид Голубов.
Во натпреварот помеѓу ФК Вардар генерација родени 2006 година (2) и екипата на Ал Барса од Скопје нашиот црвено-црн тим забележа пораз. По крајот на првиот дел нашиот противник водеше со 0-3 и најави триумф на овој дуел. Во вториот дел се обидовме да се вратиме во мечот постигнавме и гол сепак не успеавме да дојдеме до поволен резултат денес. Нашиот противник дојде до победа на овој натпревар со резултат 1-6. Стрелец на единствениот гол за црвено-црниот состав беше Данил Ордевски во вториот дел.