Пионерите на РК Вардар како првопласирани на турнирот во Грција обезбедија четвртфинале. Избраниците на Андријана Будимир во групата беа убедливи и против екипата на Дукас од Грција, која ја совладаа со резултат 16:24 и против екипа на Пилаиа над која триумфираа со резултат 21:10. Со максимален ефект закажаа меч денес со Локомитива од Брчко- Босна и Херцеговина. Нашите момци одиграа одлично сепак за жал по пеналите беа поразени со минимална разлика од еден гол.
Првото полувреме почна изедначено, двата колектива силно ја посакауваа победата на овој натпревар истата обезбедуваше место во полуфиналниот натпревар на овој силен турнир и борба за медал на истиот. На одмор заминавме со негатива од еден гол, екипаа на Локомитива отиде на пауза со предносот од 11-10. Вториот дел беше еднаков како и првиот двата тима неуспеаа да се одлепат. Сепак нашите момци успеаа да ја елиминираат минималната негатива од првиот дел. Мечот во регуларниот дел заврши со резултат 22-22. Патникот понатака го даде “пенал рулетот“ во истиот за наша жал поуспешен беше тимот на Локомотива. Тие триумфираа минимално со 4-5 или со вкупен резултат 26-27.
Во дуелот со екипата од Брчко кај нас Бојан Чакалиќ повторно беше прв стрлец, тој на овој меч стрелаше дури 8 пати, Савревски Давид и Грујовски Велимир постигнаа по 5 погодоци, 3 гола беа дело на Павловски Борис, Србиновски Дамјан постигна 2 гола колку и Жерновски Никола, а Мирчевски Давид погоди еднаш.
Интересен настан момците ни приредија кога низ улиците на Верија-Грција пееа песни од нашата навивачка група Комити Запад. Од истиот настан ви донесоме видео кое убедливо најчитана наша вест денес-ВИДИ