Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Мечот Фленсбург – Вардар е прогласен за натпревар на неделата во ЛШ

Мечот Фленсбург – Вардар е прогласен за натпревар на неделата во ЛШ

На 22-ри април од 17:30 часот се игра првиот четврфинален дуел во лигата на шампионите помеѓу екипите на Фленсбург и Вардар, а истиот според ЕХФ е прогласен за меч на неделата во ЛШ. После освојување на СЕХА-лигата нов мотив и цел за црвено-црните е пласманот на завршниот турнир во Келн. За да се случи тоа, ќе мора да ја поминеме последната пречка која ни стои на патот до Келн. Тоа е екипата на Фленсбург која доаѓа од најсилната бундес-лига и поранешен европски шампион, токму во сезоната кога двете екипи се сретнаа исто во четврфиналето и за еден гол посреќен беше тимот од Германија. Реваншот во Скопје е закажан за 27-ми април ( четврток), со почеток од 19 часот во С.Ц. Јане Сандански.

ЕХФ даде свое видување зошто Фленсбург-Вардар е прогласен за натпревар на неделата, во рамките на првите четврфинални мечеви од ЛШ.

-Битката меѓу Флензбург и Вардар во четврт-финалето буди некои стари спомени од 2014 година, кога Флензбург го победи Вардар благодарение на повеќето голови на гости. Мечот ветува дека ќе биде интересен и двата тима се во одлична форма. По три години безуспешно обидување да се стигне до Ф4 турнирот, сега шансите никогаш не биле толку реални за Вардар. Македонскиот тим се соочува со Флензбург, екипа која им донесе многу болка во 2014 година на нивниот пат до славата. Вардар можеби е мал фаворит, но Флензбург го игра првиот натпревар дома, имаат сѐ што им треба да победат и да си обезбедат шанса да стигнат во Келн за последен пат под водство на Љубомир Врањеш”.