Во македонскиот фудбал нашиот црвено-црн фудбалски колектив во момвентов ја има најдолгата серија мечеви со постигнат гол. Момците на Гоце Седлоски се во низа од 14 меча по ред како ја тресат мрежата на противничкиот голман. Следниот предизвик е Силекс, 15-ти април во сабота, на тој дуел нашиот тим ќе се обиде да дојде и до бројката од 15 меча во серија. Според традицијата во последните дванаесет мечеви со овој противник ние секогаш сме погодувале во нивната мрежа.
Вардар има најефикасен напад во првата лига, конечно минатото коло со трите гола во мрежата на Пашовски ја преземавме оваа позиција од тетовска Шкендија. Нашите момци имаат постигнато 51 погодок, додека тетовчани имаат еден помалку, односно 50. Далеку зад овие два тима на третата позиција е Работнички со 35 погодоци. Ние имаме во просек речиси два постигнати гола по натпревар. Кај дефанзивата одамна сме доминантни, нашата одбрана е број еден во земјава. Ние имаме примено само 14 гола со што сме убедлово најдобри, второпласиран со далеку послаб скор е битолски Пелистер во овааа категорија, тие имаат примено 22 гола. Ние примаме 0,53 гола по натпревар или примаме еден погодок на секој втор дуел во нашата лига. Сепак без разлика на домацијата во овие категории, ние сме доминантни кај што е клучно, а тоа е на врвот од табелата, таму имаме предност од 11 бода пред дирекниот конкурент.
ДОМАШНО ПРВЕНСТВО
/ | ЕКИПА | P | W | D | L | D | P |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | ВАРДАР | 26 | 19 | 5 | 2 | 51:14 | 62 |
2 | ШКЕНДИЈА | 26 | 15 | 6 | 5 | 50:26 | 51 |
3 | РАБОТНИЧКИ | 26 | 12 | 7 | 7 | 35:23 | 43 |
4 | ПЕЛИСТЕР | 26 | 10 | 7 | 9 | 28:22 | 37 |
5 | СИЛЕКС | 26 | 8 | 11 | 7 | 32:32 | 35 |
6 | РЕНОВА | 26 | 7 | 11 | 8 | 23:25 | 32 |
7 | ШКУПИ | 26 | 6 | 10 | 10 | 19:29 | 28 |
8 | ПОБЕДА | 26 | 4 | 11 | 11 | 21:37 | 23 |
9 | БРЕГАЛНИЦА | 26 | 3 | 10 | 13 | 22:40 | 19 |
10 | МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. | 26 | 3 | 8 | 15 | 22:55 | 17 |