Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > БРАВО ДЕВОЈКИ ! ЖРК ВАРДАР ЌЕ ИГРА НА ЗАВРШНИОТ ТУРНИР ВО БУДИМПЕШТА

БРАВО ДЕВОЈКИ ! ЖРК ВАРДАР ЌЕ ИГРА НА ЗАВРШНИОТ ТУРНИР ВО БУДИМПЕШТА

Вардарки по втор пат го победија Митјиланд и обезбедија учество на завршниот турнир во Будимпешта. Ова е четврто последователно учество на завршните турнири за нашиот ракометен шампион.

Натпреварот започна со две одбрани на Амандин Лејно, а првиот гол го постигнува Лакрабер во третата минута. Имавме водство и од 2:0 со погодокот на Радиќевиќ. Гостите од Данска првиот свој гол го постигнуваат во 5 минута и во следните две минути прават резултатски пресврт и имаат водство од 3:4. На голот продолжи со одбраните Лејно, а Пенезиќ постигна гол за израмнување на 4:4. До крајот на првото полувреме следиме многу неефикасна игра од страна на двете екипи. Гледавме игра гол за гол на двете страни, а при нерешен резултат од 9:9 во 18 минута, цели осум минути немаше гол на натпреварот. Мразот го скрши Вардар кој поведе со 10:9, но до истекот на првите 30 минути, Митјиланд повторно тигнува до предност и на одмор се замина со резултат од 11:12. За одбележување е и влегувањето во игра на Лекиќ, која се запиша во листата на стрелци.

Кристиансен постигнува гол на стартот на вториот дел и за прв пат носи предност на својот тим од два гола разлика (11:13). Прв стрелец за нас во вторите 30 минути беше Човиќ, но Данките враќаат со два последовалтени голови и зголемуваат на 12:15. Во овие моменти Митјиланд беше тимот кој оди во Будимпешта. Нововлезената Ристовска постигнува гол од својата позиција и намалува на 14:15, додека во следниот напад Лекиќ израмнува на 15:15. На голот е Ина Суслина која стигнува до својата прва одбрана. Кратко траеше радоста на Митјиланд, Вардар врза два гола преку Ристовска и Пенезиќ и поведе повторно со 17:16 во 39 минута. Најдобриот наш игра, Андреа Пенезиќ со својот шестти гол му носи за прв пат водство на Вардар од два гола (18:16) во 41 минута. Гостинот немаше намера да се предаде и во 44 минута го израмни резултатот на 19:19. Сепак црвено-црните беа решени да го скршат отпорот на противникот и со гол на Мавсар зголемуваме 22:20. Човиќ игра одлично во второто полувреме и ја одржува предноста на својот тим, додека одлична на голот е Ина Суслина која стигнува до својата четврта одбрана. Вардар е во серија од 5:1 и со петтиот гол на Човиќ имаме највисоки 25:21. Противникот направи серија од 0:3 и го намали резултатот, но Лекиќ става точка на натпреварот и зголемува на 26:24. Немаше многу време за поголема неизвесност и мечот завршува со овој резултат.

Пенезиќ и Човиќ беа најдобри стрелци со по 6 голови. Вардарки по четврти последователен пат ќе играат на завршниот турнир на најдобрите четири екипи. Будимпешта повторно е домаќин, а мечевите се играат на 6 и 7-ми мај.