Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Мартин Мајстороски: Во сезона исполнета со многу повреди, успеавме да одржиме добра форма и квалитет во играта

Мартин Мајстороски: Во сезона исполнета со многу повреди, успеавме да одржиме добра форма и квалитет во играта

Вицешампионско место за кадетите на ракометниот клуб Вардар, кои го освоија второто место на завршниот турнир кој се играше во Автокоманда. Црвено-црните во големото финале загубија од екипата на Металург, додека во полуфиналето беа подобри од тимот на Струга. Во регуларниот дел од сезоната одигравме десет натпревари, на кои забележавме девет победи и само еден пораз. Како помина сезоната за Вардаровите кадети, можете да прочитате од изјавата на Мартин Мајстороски.

-Имавме многу добра можност да го освоиме овој завршен турнир, но не успеавме во нашата цел. И двата дуели беа тешки. Првиот со Струга го отворивме одлично, но им дадовме шанса да се вратат и на крајот заврши во тесна завршница. На натпреварот со Металург лошо отворивме и цел натпревар бевме во негатива. Имавме прилики да се вратиме, но не успеавме да ги искористиме шансите. Ние изигравме два добри натпревари на завршниот турнир, но верувам дека можеме да одиграме многу подобро. Во сезона исполнета со многу повреди, успеавме да одржиме добра форма и квалитет во играта. Јас лично сум задоволен од мојот придонес во играта и се стремам со секој тренинг да се подобрам.

Во периодот од 21-23 април, кадетите ќе бидат дел од силен меѓународен турнир во Босна и Херцеговина, “Ракометот во срцето“.

-За турнирот во Жепче очекувам да прикажеме добра игра и тоа да донесе резултат. Тоа е јак меѓународен турнир на кој учествуваат екипи од целиот Балкан. Се надевам дека ќе се претставиме во добро светло и на успешен начин ќе ја завршиме сезоната.

Звонко Ивановски