Црвено-црните девојки уште еднаш го повторија она што претходните три сезони го постигнуваа, се пласираа на завршниот Ф-4 турнирот во ЕХФ Лигата на шампионите. Тие дојдоа до место во најдобрите четири откако победија и во реванш натпреварот со Митјиланд на домашен терен. Ждрепката за полуфиналните двојки на Ф4 турнирот ќе се влече денес во Будимпешта со почеток во 13-00 часот.
Вардарки во ждрепката ги очекуваат три можни противници црногорски Будуќност, романски ЦСМ Букурешт и екипата од Унгарија тимот на Ѓер. Сите три тима поседуваат квалитет, тоа е неоспорно сепак ние атакуваме на првото европско злато за нашиот црвено-црн женски ракометен колектив оваа сезона во ЛШ.
Будуќност предводен од Драган Аџиќ ние познат од многуте меѓусебни дуели, тие имаат над нас пет победи, наспроти три на црвено-црните, а еден меч во елитата завршил нерешено. Тежок противник за нас е и унгарски Ѓер, со нив нашиот Вардар имаат одиграно четири меча во елитата. Тие имаат две победи, наспроти едната на вардарки, а еден меч со нив заврши нерешено. Третиот можен противник за нас на Ф-4 е европскиот првак ЦСМ Букурешт. Лани вардарки против тимот кој беше тогаш предводен од Расмусен беа фаворитни сепак се “лизнавме“ во мечот со нив кога најмалку очекувавме. Можеби сега тие се најпосакувано повторно, но треба да се внимава да не се случи реприза. Вардар досега има три настапи по ред на завршните Ф-4 турнири и трипати по ред ја има освојувано третата позиција. Се надеваме дека оваа година во четвртиот обид на нашиот тим, а прв на новиот кормилар Ирина Дибирова ќе завршиме со европско злато.
Извлекувањето на нашиот противник за полуфиналниот дуел од женскиот сегмет во европската шампионска лига со почеток во 13-00 часот може да го погледнете на следниот линк- ТУКА!