Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > “Реприза„ Букурешт противник на ЖРК Вардар во полуфиналето на Ф-4 во Будимпешта

“Реприза„ Букурешт противник на ЖРК Вардар во полуфиналето на Ф-4 во Будимпешта

Црвено-црните девојки  денес во ждрепката за полуфиналните двојки на Ф-4 турнирот која  се влечеше  во Будимпешта со почеток во 13-00 часот го дознаа својот протиник, тоа е екипата на моменталниот европскиот првак тимот на ЦСМ Букурешт од Романија.

17903733_10154656948188666_3093842892610372789_n

Екипата на Букурешт ќе биде последната пречка на Вардарки за пласман во големото финале. Ждрепката сакаше во полуфиналето да играат Вардар и романски ЦСМ Букурешт, ова ќе биде своевидна реприза на полуфиналето од ланската сезона 2015/2016 година. Тогаш не изненадија романките предводени од Расмусен  кој повеќе не е на кормилот на овој тим. Можеби повторно среќата посака да имаме одлична шанса за конечен пласман во долго очекуваното финале во ЛШ. Додека другата двојка ја сочинуваат екипите на црногорски Будуќност и екипата од Унгарија тимот на   Ѓер.